26/04/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод Католички Божиќ

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповест по повод големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.

– Во духот на христијанските пораки за благосостојба, мир и разбирање, на сите наши сограѓани од католичка вероисповест им го честитам големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.

Посакувам овие празнични мигови да Ви донесат многу здравје и неизмерна радост и да ги исполнат Вашите домови со убавина и спокој. Големината и значењето на овој празник нека бидат инспирација за меѓусебно помагање и нека бидат мотив за негување на хуманите вредности.

Вербата во бога и неговата чудотворна моќ нека не исполнат со желба, надеж и сила да го избереме вистинскиот пат и заеднички да создадеме услови за подобра иднина и поубав живот.

Да продолжиме да бидеме сплотени и постојано да ја споделуваме божјата милост и љубов. Нека е за многу години големиот празник!- стои во честитката на Георгиески.