29/03/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод Националниот ден на Власите

По повод Националниот ден на Власите, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески упати честитка до сите припадници на влашката заедница.

„Во мое лично имe и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки до припадници на влашката заедница со искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и благосостојба. Власите се нераскинлив дел од градењето на нашето општество и даваат вреден придонес во негувањето на меѓуетничкиот соживот и толеранција. Одбележувањето и почитувањето на овие празници е од исклучително значење за чување и унапредување на меѓусебните односи, како и за јакнење на заедничкиот стремеж за напредок и развој на сите полиња.

Верувам дека и во иднина ќе продолжиме заедно да чекориме кон подобра иднина за нашиот град и нашата држава и да обезбедиме подобар живот за идните генерации, стои во честитката на градоначалникот Георгиески.