29/03/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески за Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

 – Чествувајќи го денешниот ден како држава  и нација  го славиме  делото за слободна, самостојна и суверена  држава.  Со својата  пожртвуваност македонските револуционери   Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев станаа  основоположници  на македонската држава која  преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 –ми Септември се надградува и осовременува.

Делата на македонските револуционери оставиле  неизбришливи траги  во македонската историја и се основата на сите подоцнежни триумфи и  победи .Славејќи ја нивната пожртвуваност за слобода  и независност, уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ продолжува да чекори  напред. Нивните дела   не поттикнуваат, да ја градиме нашава слободна, суверена и самостојна земја како  економски просперитетна држава која се стреми да биде  рамноправна единка  во големото европско семејство.

Нека е честит 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба!