28/03/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески за католички Божиќ

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати  честитка до  христијаните  со католичка вероисповед по повод најголемиот  христијански празник,  Рождество Христово – Божиќ.

– Со голема радост и задоволство ви го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божиќ.  На овој ден славејќи го раѓањето на Бога стануваме свесни за силата на божјата љубов кон човечкиот род којашто  не води да правиме чесни дела, да  се сакаме себеси и да  ги сакаме и почитуваме другите. Божиќ е празник на љубовта,   на среќата и семејството.   

 Празнувајте во мир и хармонија и  со љубов    примете ги пораките на овој ден. Правете добри дела и имајте разбирање   еден со друг.  Само така ќе го следиме  нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта и спасението на човековиот род.

Со чиста верба кон Бога обединети и сложни  имаме можност за заеднички напредок.

Нека Бог дарува љубов, нека има успех и бериќет во секое поле од значење за Охрид и нашава држава. Заеднички да се радуваме и да го славиме овој голем христијански празник. – стои во честитката на градоначалникот Георгиески по повод големиот христијански празник. Нека е честит и вековит големиот христијански празник.