25/04/2024
Дебрца

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески упати честитка по повод 24ти Мај, Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

„Македонија денес го чествува ликот и делото на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, кои оставија траен белег не само во македонската култура и историја, туку и во европската цивилизација.

Македонија е особено горда на фактот што искрата на сесловенското просветителство започна од тука. Светите Кирил и Методиј со своето лик и дело вечно ги задолжија сите словенски народи и воопшто, европската и светската култура и цивилизација.

Наша обврска и аманет е да го продолжиме нивното дело, да продолжиме да го негуваме и зачуваме нашиот јазик, традиција и идентитет и на тој начин да придонесуваме кон збогатување на културната ризница на Европа.

Нека ни е честит Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј.“ – стои во честитката.