18/07/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Пецаков за Курбан Бајрам

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до своите сограѓани со исламска вероисповед.

„Дозволете ми од името на Општина Охрид да Ви го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам. Со искрени желби посакувам овој голем верски празник да го минете во добро здравје, среќа и благосостојба . Нека овој празник биде мостот кој не поврзува и потсетник дека само заедно и обединети можеме да се справиме со предизвиците кои ги носи денешницата. Во духот на вековната традиција на соживот – Курбан Бајрам, е и синоним за меѓусебно почитување без разлика на верска, етничка или било која друга нацинална припадност и токму тоа нека биде повод сите заедно да се радуваме.“ – стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.


WebOhrid / 16.06.2024 / Општина Охрид