28/03/2024
Охрид

Честитка од ОО на СДСМ Охрид по повод 2 Август, Денот на Републиката

Општинската организација на СДСМ – Охрид по повод големиот државен празник, 2 Август – Денот на Републиката, упатува  честитка до членството, симпатизерите и граѓаните на општина Охрид во која се вели:

„Денеска, на овој голем ден сите здружено да им оддадеме  почит на нашите претци учесници во Илинденското востание и на Првото заседанието на АСНОМ.

Тие во  различно време но со иста идеја ги поведоа граѓаните кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена држава.

Се’ останува запишано во колективната меморија уште од времето на Двата Илиндена.

 Нивните идеали и жртви за слободна и независна Македонија се трајно наследство во историјата, паметник во сегашноста и патоказ во иднината.

Охрид, како дел од Република Северна Македонија цврсто чекори кон иднината, кон НАТО и ЕУ и градењето на едно општество за сите.

Нека ни е честит и вековит Втори август – Денот на Републиката“, стои во честитката.