16/04/2024
Охрид

Честитка од СДСМ Охрид по повод 1 Мај – Денот на трудот

„1 Мај – Меѓународниот ден на трудот е ден врежан во меморијата на луѓето, како симбол на постојаната и вековна борба на работниците за своите права, за повисоки плати и достоинствен живот.

 Овој Први мај, многу се разликува од претходните.

Минуваме низ тешки моменти. Корона вирусот во целост ги смени нашите животи и донесе неизвесност која сите заедно ќе ја пребродиме.

СДСМ – Охрид честитајќи ви го празникот драги Трудбеници ви порачува: Во борбата со пандемијата од Ковид – 19 не сте сами. Заедно ќе го изодиме овој тежок пат и веруваме дека заедно од кризава ќе излеземе уште посилни.

Владата предводена од СДСМ со низата антикризни мерки прави се’да ги помогне економијата и вкупното стопанството да имаат што помали загуби од неработењето и постепено општеството да се врати во нормален ритам на живот.

СДСМ како партија е фокусирана да им помогне на што повеќе граѓани, да зачуваме што повеќе работни места, да ги поддржиме компаниите на нашите сограѓани но и да ги поставиме темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата.

Ние од СДСМ – Охрид упатуваме посебна честитка до сите кои поради природата на својата работа и денеска на празникот се и ќе бидат на работните места за доброто на сите.

Овој 1 Мај седете дома за сите следни да се дружиме и да си ги честитаме!“ – стои во честитката од ОО на СДСМ Охрид.