19/04/2024
Охрид

Честитка од СДСМ Охрид по повод 8-ми Септември и јубилејот 30 години независност на државата

По повод денешниот празник 8-ми Септември и јубилејот 30 години независност на државата, ОО СДСМ, Охрид упатува искрени честитки до граѓаните на Република Северна Македонија.

„Пред 30 години, со голема храброст и јасна желба го остваривме вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена држава.

Денес сме горди што успеавме да изградиме демократска држава, меѓународно призната и почитувана. Продолжуваме заедно да чекориме по вистинскиот пат, за поголем напредок на сите полиња. Ги негуваме традициите, соживотот, социјалната правда и создаваме достоинствени услови за живот за сите генерации.

По повод празникот, Делегација од ОО СДСМ Охрид составена од Леонора Новеска, член на Извршен одбор, Бојан Михајловски, претседател на ОО СДММ и Елизабета Русеска, положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци во паркот на охридскиот плоштад.

Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември, Денот на независноста!“ – стои во честитката од СДСМ Охрид.