16/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ Охрид по повод празникот Рождество Христово – Божиќ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни верници им упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.

„Божиќ – празник на љубовта, простувањето и милосрдието, денот кога се празнува раѓањето на Спасителот Исус Христос, празник на богославењето, празник на надежта, мирот и добрата волја.

Вечерта на Бадник нека го избрише сето она што сакате да го заборавите, а утрото на Божиќ Ви исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов. Нека овој свет ден Ви донесе мир во надежта и радост во животот. Љубовта и мирот да ги исполнат Вашите домови со топлина, семејна среќа и хармонија. Светлоста на празникот нека биде водилка за секој верник во оваа година на предизвици и одлуки, за создавање на добри дела и оставање трага од добрина за идните поколенија.

Во духот на Божиќните празнувања да ги потврдиме патот на љубовта и спасението на човековиот род и патот за напредок на Охрид и Република Македонија. На сите христијански верници, и Бадник и Божиќ да им донесат многу здравје, среќа, љубов и мир.

Нека е честит големиот христијански празник – Божиќ!

МИР БОЖЈИ,

ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!“ – се вели во честитката.