19/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на влашката етничка заедница им го честита 23 Мај – Националниот ден на Власите.

„Власите со препознатливата култура и богатата традиција секогаш давале придонес во заедничкиот развој на Охрид и Република Македонија.

Во ова време-невреме кога се случуваат само порази и бројни неуспеси поради ненародната власт потребни се промени за подобра иднина на сите граѓани.

Ви посакуваме добро здравје, многу љубов и многу среќа.

Нека ви е честит 23 Мај – Националниот ден на Власите!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.