29/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенски просветители светите браќа Кирил и Методиј

ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенски просветители светите браќа Кирил и Методиј.

„На овој голем ден ги чествуваме нивното извонредното епохално и просветителско дело и нивното огромно значење за Светот, за Европа, за Македонија и за Охрид изразено преку нивните големи мисии.

Создавајќи ја и проширувајќи ја глаголицата од Македонија, светите Кирил и Методиј старословенскиот јазик го трансформираа во првиот пишан јазик на кој е преведено Светото писмо и на кој се шири христијанството.

Со победата над тријазичниците, светите Кирил и Методиј ја заштитиле словенската мисија, го одбраниле словенското богослужение, словенската писменост и правото на секој народ да пишува и да му се моли на Господа на својот мајчин јазик.

Нивното дело треба да биде наша водилка, да бидеме горди на наследството, да си ги чуваме и почитуваме македонскиот јазик и култура.

Нека ни е за многу години големиот празник Свети Кирил и Методиј!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 24.05.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид