29/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид го честита празникот 7 Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор.

„76 години слободен Охрид, години достојни за почит откако славните херои ги положија своите животи за слобода на нашиот град.

7 Ноември 1944 година претставува симбол на непокор и патриотизам длабоко врежан во македонската историја. Слободата на Охрид е долг кон нашите предци и завет кон нашите поколенија, аманет за зачувување на татковината, Република Македонија.

Сите несреќи во овие тешки времиња пред кои сме сите исправени да завршат што поскоро и на крајот повторно да се врати среќата и радоста. Охриѓани се мудри луѓе, да си го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.

Достојна почит на борците за слобода ќе им оддаде делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид која ќе положи свежо цвеќе на спомениците на славните охридски револуционери од НОБ.

Нека ни е честит и вековит Денот на ослободувањето на Охрид!“ – стои во честитката.