25/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод празникот 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор.

„7 Ноември 1944 година – симбол на непокор и патриотизам, ден светилник кога на олтарот на слободата на Охрид останаа на вечна стража славните херои.

77 години слободен Охрид се должни за почит, но и аманет за идните поколенија.

Охрид се сака со дела, за нашиот град и нашите охриѓани доаѓаат подобри времиња и нова светла иднина.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид положи свежо цвеќе на спомениците на славните охридски револуционери од НОБ оддавајќи им достојна почит на борците за слобода.

Нека ни е честит и вековит Денот на ослободувањето на Охрид!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.