25/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски, Патрон на Охрид и Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

„Свети Климент Охридски – просветител, книжевник, учител, епископ, основач на Охридската книжевна школа, верен и доследен ученик на светите браќа Кирил и Методиј.

Ликот и делото на Свети Климент Охридски како факел носат светлина за македонскиот народ, за градот Охрид и за татковината Македонија.

Да го следиме светлиот пат на Свети Климент Охридски затоа што само така има да ги совладаме невремињата на сегашноста создавајќи светла иднина за Охрид имајќи искрена одговорност пред Македонија.

На сите граѓани им посакуваме здравје, душевен мир и семејна топлина.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид се поклона и положи свежо цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад.

Нека е вечен споменот за Свети Климент Охридски!

Нека е вечна Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.