29/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени и срдечни честитки по повод големиот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски.

„Свети Климент Охридски како светителски заштитник на македонскиот народ и македонскиот идентитет е духовен патрон на градот Охрид и Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Најистакнатиот ученик и следбеник на светите браќа Кирил и Методиј е основач на Охридската книжевна школа во којашто најсилно е изразено неговото оригинално творечко дело.

Ликот и делото на Свети Климент Охридски се длабоко врежани во македонската историја и тие се патоказ за светла иднина на македонскиот народ и Македонија.

Да ги негуваме култот и делото на Свети Климент Охридски затоа што имаат општоцивилизациски вредности.

Нека е честит и вековит празникот!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.