28/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Пред 76 години, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска војна, а борбата против фашизмот беше и борба за македонска национална држава. Македонија и македонскиот народ се горди затоа што во вистинскиот момент смело застанаа на вистинската страна на историјата, во борбата против фашизмот. Овој датум нека биде опомена дека човештвото еднаш засекогаш треба да расчисти со тоа зло.

Неколку години подоцна вредностите и придобивките на современиот свет ги гледаме и во зародишот на идејата за здружување на државите во големо европско семејство.

За жал Македонија сè повеќе се оддалечува од европската иднина, а главната причина за тоа е актуелната власт којашто е синоним за мафија, рекет и криминал.

Честит 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.