20/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Божиќ според Грегоријанскиот календар

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки до сите верници кои го слават големиот христијански празник Божиќ според Грегоријанскиот календар.

„Раѓањето Христово е семеен и радоносен празник. Симболиката е во новото раѓање и надежта за подобра иднина.

Токму и нашиот заеднички стремеж нека биде насочен кон подобра иднина на Охрид и Република Македонија.

Да создаваме и правиме добри дела, да се почитуваме и помагаме, да негуваме добри мисли за доброто на сите.

Секој дом нека биде исполнет со радост, спокој и мир, а срцата на сите верници со љубов.

Христос се роди!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.