28/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици.

„На Богојавление се слави споменот на Христовото крштевање во реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас. Исусовото крштевање е симбол на духовното раѓање, просветлувањето, прочистувањето од гревовите, на простувањето.

Да дозволиме празникот Богојавление да ги зацврсти во нас духовните сили и да ја сочуваме верноста кон Бога.

Посакуваме добро здравје, многу успех и среќа.

Нека е за многу години празникот!

Бог се јави!

Навистина се јави!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.