16/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

„Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај е симбол на борбата за зачувување и унапредување на работничките права.

Работниците мора да го добијат заслуженото вреднување и почитување. Токму и барањата за повисоки плати, за достоинство се годинава во фокусот на одбележувањето на овој празник.

Незадоволството од грижата на Владата, порастот на цените на храната и енергенсите, зголемената инфлација како последици од кризите ги принудија синдикатите преку протести и штрајкови да бараат зголемување на платите за работниците.

ВМРО-ДПМНЕ како носител на Локалната Власт во градот има да продолжи да работи во насока на подобрување на работничките права и на социјалниот статус на работникот во Охрид.

Нашите граѓани заслужуваат трудот, достоинството и вниманието да им се ценат и почитуваат. Тоа е основна гаранција дека заедно има да изградиме посветла иднина на Охрид, но и на Македонија.

Честит 1 Мај – Ден на трудот!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 01.05.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид