19/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот 2 Август – Илинден

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита 2 Август – Илинден, најсветлиот празник во историјата на Македонија.

„Денеска го чествуваме Денот на Републиката, најсветлата нишка која обединува, денот кога ги славиме победата и непокорот. Илинден е денот на големото Илинденско востание во 1903 година, но и на Првото заседание на АСНОМ од 1944 година. Делата на славните Илинденци се аманет кој треба да се негува и патоказ за љубовта кон својата Татковина.

Да го живееме сонот на нашите предци и гордо да се сеќаваме на нивната борба за самостојна и независна држава.

Во време на предизвици и искушенија посакуваме среќа, здравје, љубов и гордост.

Додека гори пламенот, ќе живее сонот за Македонија.

Да ни е вечен и честит Илинден!

Да ни е вечна и вековита Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.