28/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот 23 Октомври

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба. Делегација на Општинскиот Комитет положи свежо цвеќе и се поклона пред спомен-обележјата на великаните во градскиот парк.

„Заветот даден пред 129 години кога е формирана македонската револуционерна организација, подоцна ВМРО, од Дамјан Груев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев е идејата за слобода и независност на Македонија, вечна водилка за Македонците.

Денес ги чествуваме сите херои и се поклонуваме пред нивниот самопрегор, но и борба за Македонија која трае!

Нека е честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!

Нека е вечно ВМРО-ДПМНЕ!

Нека е вечна Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 23.10.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид