22/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот 7 Ноември

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор.

„78 години слободен Охрид должни за почит, аманет за нас и за идните поколенија.

Застанувањето на охриѓани и македонскиот народ на страна на антифашистичката коалиција во Втората светска војна означуваше конечна победа и слобода на Охрид и на Македонија.

Делегација од Општинскиот Комитет и Пратеничките во Собранието на Република Македонија положија свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците во Спомен-паркот на револуцијата.

Охрид се сака со идеи и проекти!

Охрид се сака со дела!

Честит и вековит нека е Денот на ослободувањето на Охрид!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 07.11.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид