15/10/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот 8 Септември

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод празникот 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

„Македонија на 8 септември 1991 г. стана независна и самостојна со гласот на референдум, но времето ни покажа дека борбата за вековните идеали на македонскиот народ не заврши таму.

Сега Македонија е исправена пред предизвик достоинствена да стане и да ја зачуваме повторно со гласот на референдум.

Сплотени и единствени да продолжиме да се бориме за правото на самоопределување, човечко достоинство и просперитет.

Среќен роденден Татковино!

Нека ни е честит 8 Септември, 31 година самостојна и независна Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 08.09.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид