05/12/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Курбан бајрам

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите припадници од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан бајрам.

„Курбан бајрам е празник на солидарноста, ден кога се помага на другите, празник на толеранција и заедништво.

Охрид и Македонија негуваат вредности на меѓусебно разбирање и толеранција и тоа треба да продолжи за подобра иднина.

Посакуваме многу здравје, радост и среќа.

Нека е честит празникот Курбан бајрам!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.