29/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Рамазан Бајрам

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници од исламска вероисповед им го честита големиот верски празник Рамазан Бајрам.

„Рамазан Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување и ги става на пиедестал вредностите на човечност, мир и љубов кон ближниот.

Македонското мултирелигиско живеење има длабоки корени во Охрид и Република Македонија и тоа треба да се негува и почитува.

Нека ваквите празници бидат водилка за да се сретне моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина.

Упатуваме искрени желби за радост и среќа во удобностите на животот, благодет и внимание, мир и љубов, благороден дух, заедничка почит и меѓусебно разбирање.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.