29/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Свети Сава

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на српската заедница им го честита 27 Јануари, празникот посветен на Свети Сава.

„Како што Свети Климент Охридски остава траен белег за Охрид и македонскиот народ, така меѓу српскиот народ тоа го прави Свети Сава, првиот српски архиепископ и деец.

Припадниците на српската заедница со јазикот, културата и традицијата се неотуѓив дел од Охрид и Република Македонија. Само сите заедно сплотени можеме да успееме во градењето подобра иднина.

Посакуваме многу здравје, среќа и успех.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.