19/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Велигден

„ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни христијани им го честита најсветлиот празник Воскресение Христово – Велигден.

Благодатната светлина ја разбива темнината на големиот празник Велигден и се воскреснува човечката природа, се умртвува смртта. Исус Христос ни ги отвори портите кон вечноста со пораката дека животот е посилен од смртта, дека светлината е посјајна од темнината.

Во овие тешки денови на искушение кога пандемијата со вирусот КОВИД-19 го стави на колена целото човештво, духот на вербата во Христовата победа нека биде нашата надеж да истраеме.

Доаѓаат светли денови, обновувањето ќе дојде и за него заедно ќе се избориме.

Нека духовниот мир и љубовта бидат присутни во секој дом.

Бог нека ги штити и закрилува македонскиот народ и нашата татковина, Македонија.

Христос Воскресна!

Навистина Воскресна!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.