24/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Велики поклади – Прочка

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки до сите сограѓани по повод големиот христијански празник Велики поклади – Прочка.

„Прочка е празник на искреното меѓусебно простување кај православните верници, ден на искрената и пожртвувана љубов кон ближните.

Простувањето е едно од основните потпори на верата наша кога треба да се побара прошка и да се даде прошка. Проштевањето тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Само тоа е вистинскиот пат за спасението на луѓето.

Верниците да заборават на кавгите и проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа да ги започнат Велигденските пости.

Нашиот народ знае да простува и заедно со чиста сила и верба овојпат ќе се избори за обнова на Македонија.

Посакуваме празникот Прочка сите да го поминат во пријатна атмосфера и богата трпеза.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.