18/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Воскресение Христово – Велигден

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни христијани им го честита најсветлиот празник Воскресение Христово – Велигден.

„Велигден ги спојува верата и традицијата, празник кој значи живот и надеж.

Христовото Воскресение со својата божествена моќ е пред сѐ и над сѐ смисла на постоењето и животна цел.

Да бидеме храбри и искрени!

Да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа!

Сите заедно да работиме за успешен и напреден Охрид и за исправена и зачувана Македонија!

Христос Воскресна!

Навистина Воскресна!

Нека ни е среќен, бериќетен и благословен Велигден!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 24.04.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид