19/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Прочка

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Велики поклади-Прочка.

Празник посветен на проштевањето и на покајанието, ден да се побара прошка и да се даде прошка.

Македонскиот народ најмногу проштевал и проштева. Така сме правеле низ вековите, така правиме и денес. Да имаме трпение и љубов кон сите. Да си простиме не само со ближните, туку со сите.

Посакуваме празникот Прочка сите да го поминат со среќа и радост, во мир и добро здравје.

За многу години Прочка! – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.