28/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Велигден

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни христијани им го честита најсветлиот празник Воскресение Христово – Велигден.

„Христовото Воскресение е суштината на христијанството, празник над празниците. Со пристигнувањето на Велигден се празнува победата на животот над смртта. Сега сѐ се исполни со светлина: небото и земјата. Бог страдаше и воскресна поради својата безмерна љубов кон човекот.

Велигден е празник на семејството и ближните, па во ова време на пандемија посакувамe топлина, многу радост и добро здравје во секој дом.

Да имаме храброст да бидеме вистински и искрени!

Да биде секогаш во нас верата!

Христос Воскресна!

Навистина Воскресна!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.