24/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид за 2 Август – Илинден

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод големиот празник 2 Август – Илинден.

„Илинден е најсветлиот ден кога се собрани македонските мечти за слободна и независна држава Македонија, темелот врз кој почива македонската држава, најсветла нишка која обединува, аманет од нашите предци и завет за идните поколенија.

Ако Илинден 1903 година и Крушевската Република беа идеја што траеше само десет дена, тогаш нејзината реализација станува стварност со АСНОМ во 1944 година повторно на Илинден во манастирот „Свети Прохор Пчински“.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид положи свежо цвеќе пред спомениците на хероите од Илинденскиот период во спомен паркот во самиот центар на Охрид.

Да ни е вечен и честит Илинден!

Да ни е вечна и вековита Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.