29/03/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид за Новата 2022 година

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им посакува најубави празнични денови.

„Новата 2022 година нека биде триумф на работата, здравјето и среќата.

Што побрзо сите да ја заборавиме старата и сите потешкотии со кои се соочивме.

Граѓаните се одлучија за промени, сега е потребна работа, праведност и чесност.

Во Новата година наша огромна обврска е подобра и поубава иднина.

Охриѓани заслужуваат нова и среќна иднина во која проектите има да донесат развој, стабилност и успеси за сите во Охрид.

Нека добрината и светоста на животот бидат водилка за сите во Охрид и Република Македонија.

Ви посакуваме ведрина, оптимизам, многу љубов и здравје!

Среќна Нова 2022 година!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.