Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга упатува честитка по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба.

„На 23 Октомври, далечната 1893 година Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја основаа првата семакедонска организација, предводени од идејата и желбата за слободна и независна македонска држава.

Нивното херојство го обедини народот на Македонија, без разлика на вера и нација, се впуштија во заедничката борба за слобода.

Секоја битка е тешка и макотрпна. Македонскиот народ извојувал многу победи затоа што идеалите на македонскиот народ за слобода и независност се секогаш над се’ и никогаш нема да запрат!

Денес, за жал, Република Македонија е поделена повеќе од било кога.

Но, затоа ни претстои уште една битка, на 12 април, кога цел македонски народ ќе се сплоти во едно и ќе ја смести оваа антимакедонска и ненародна влада во црната историја на Република Македонија. Затоа што само сплотени победуваме, а разединети губиме!

Само обединети ќе успееме да ја обновиме Република Македонија.

Нека ни е за многу години Денот на Македонската револуционерна борба!

Да живее Република Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.