24/04/2024
Струга

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод празникот 23ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

„Денес чествуваме еден посебен датум од македонската историја – формирањето на Македонската револуционерна организација.

Идеалите и стремежот на македонскиот народ да се сплоти во една и единствена револуционерна организација, доведува до резултат, а тоа е борбата за слобода и конечно издвојување победа. Жртвите дадени за слобода, младите животи положени за сувереност и сопствен идентитет, не смееме никогаш да ги заборавиме, напротив, со посебна почит, да ги славиме и чествуваме засекогаш! Успехот на Македонската револуционерна организација е дело, вредно за почит. Нашата борба тука не запира! Сплотени како едно, да продолжиме, да ги остваруваме целите и идеалите на нашите предци, да бидеме на браникот на татковината, секогаш на страната на македонскиот народ! Зашто Македонската револуционерна организација е всушност-народот! Непокорот никогаш не запира, секогаш за Македонија, секогаш за македонскиот народ!

ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Струга на сите граѓани им го честита 23ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

Нека ни е честит и вековит!

За многу години!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.