Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод 8 Март

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Струга на сите припаднички од понежниот пол им го честита 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

„Вашето активно присуство во општествениот живот, борбата за вашите права, заложби и придонеси на секое поле се од голема важност!

Вие сте столбот на семејството, столбот на општеството и затоа заслужувате почит и наклон секој ден!

Нека ви е честит 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.