Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод државниот празник 11 Октомври

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите граѓани на Република Македонија им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание.

„Овој ден е симбол на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ.

Токму на овој ден 11 октомври 1941 година, благодарение на храбрите и непоколебливи борци, сонот на многу генерации стана реалност, да живееме во слободна и независна Република Македонија!

За македонскиот народ, Антифашистичката војна беше и борба за национално ослободубање од фашизмот, со што нашиот народ го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и независна Република Македонија!

Денес на одбележувањето на Денот на народното востание уште еднаш, изразуваме почит кон сите борци кои ги положија животите, за слободна и независна Република Македонија.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание и нека ни биде патоказ, да ја чуваме слободата, сувереноста и независноста на нашата татковина, Република Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.