25/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор, 7 Ноември.

„Вековните борби на хероите положувајќи ги своите животи во рацете на татковината се водени од копнежот за национален идентитет со цел национално ослободување и македонска државност.

Успехот, храброста и херојството на жртвите за слободен Охрид се должни за почит. Слободата на Охрид која е симбол на непокор, патриотизам и правда не смее да биде загубена.

Споменот на хероите никогаш да не згасне, туку да гори како вечен пламен во срцата на сите како аманет за зачувување на идентитетот на македонскиот народ и името Република Македонија.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид ќе положи свежо цвеќе на спомен-обележјата на борците од НОБ оддавајќи им достојна почит.

Нека ни е честит и вековит Денот на ослободувањето на Охрид!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.