20/04/2024
Охрид

Честитка по повод 11-ти Октомври од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“

Општинската организација на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ на сите граѓани им го честита државниот празник  11-ти Октомври, Денот на народното востание, симбол на македонската борба за слобода.

„На одбележувањето на овај историскиот ден кога започна антифашистичката борба за слобода, им оддадеме заслужена почит и благодарност на сите храбри борци и учесници во народно-ослободителното востание кои се вградиле во темелите на македонската државност. 

Оваа народно-ослободителна борба својот врв го достигна во 1944-тата година, кога на првото заседание на АСНОМ започна остварувањето на повеќевековните идеали на македонскиот народ за основање своја држава. 

Славејќи ја сопствената историја и чувајќи ја слободата, ние современите генерации македонци, ова наше востание го ставаме на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за слободната, самостојна, независна и суверена држава.

Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.“ – стои во честитката од ОО СДСМ Охрид и Коалиција „Најдоброто за мојата општина“.