29/03/2024
Македонија

Честитка по повод Католички Божиќ од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Честитка по повод празникот Рожденство Христово Божиќ од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ го честитам Рождеството Христово – Божиќ, на сите верници кои го прославуваат според Грегоријанскиот календар. Ви посакувам многу пријатни празнични мигови, среќа и благосостојба во Вашите домови.

Нека Рождеството Христово роди нова надеж во Вас, нека донесе светлост во Вашите домови и многу радост, среќа и здравје на Вас и Вашите најблиски. Славењето на Рожденството Христово значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божиќ е празник на семејството. Божиќната радост треба да биде споделени со најмилите и најблиските.

Божиќ учи на солидарност, да споделуваме и да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно. Божиќ учи да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и луѓето кои не ни се блиски. Толеранцијата и почитувањето е темел на Христијанството.

Во овие моменти најмногу ни требаат овие вредности. И кога добрината е нападната од нечесност, во времиња кога притисоците и одмаздата стануваат основна детерминанта во општеството, а стравот кај луѓето главно чувство, да не заборавиме на разумот и мудроста. Да не заборавиме дека времето потрошено на омраза, значи помалку време за добрини и напредок.

Дозволете ми уште еднаш до сите верници кои го слават католичкиот Божиќ да го честитам овој голем празник. Ви ги упатувам моите најсрдечни поздрави. Ви посакувам многу мир и спокој. Нека Бог го осветли Вашиот пат. Нека донесе многу радост во вашите домови.“- стои во честитката.