Чествување: „Рацин меѓу младите“ – осумдесет години „Бели Мугри“ – Кочо Рацин
Утре напладне, од 12 часот, во организација Фондацијата „Ангел Петров“ и Општина Велес, во ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, со ликовна постановка на дваесет Рацинови портрети од Ангел Петров, се заокружува културната иницијатива: Осумдесет години „Бели Мугри”од Кочо Рацин.
Изложбата, досега, посети повеќе училишта кои го носат Рациновото име низ земјата.
Беа посетени: Средно училиште „Кочо Рацин” од Свети Николе, ОУ „Кочо Рацин” од Петровец, ОУ „Kочо Рацин” од Куманово, ОУ „Кочо Рацин”, од село Блатец, виничко и ОУ „Кочо Рацин”, од Нов Дојран.
Во културната иницијатива: Осумдесет години „Бели Мугри“ од Кочо Рацин, учество зедоа повеќе од 3000 посетители – ученици.
Од нив педесетина беа наградени ученици од литературниот и ликовен конкурс: Осумдесет години „Бели Мугри” од Кочо Рацин“.
Организатот, Фондацијата „Ангел Петров”, од Велес, за најдобрите обезбеди благодарници и книги.
„Дали оваа културна иницијатива, односно Ликовна изложба ја постигна едукативната цел кај учениците? Секако – да, за што зборуваат големиот интерес, посетеноста и вниманието што го доби изложбата, како и уште поголемото учество на распишаните конкурси – литературен и ликовен,“ – појаснува Светлана Петрова од Фондацијата „Ангел Петров”.
Веле Митаноски