25/04/2024
Охрид

Чист Охрид: 20-тина активисти собраа над 50 вреќи ѓубре

Дваесеттина активисти денеска собраа над 50 големи вреќи со ѓубре од крајбрежјето кај Далјан.

„Во организација на Чист Охрид и Не Биди Ѓубре, а заедно со Енхелеус и останати граѓани на крајбрежјето кај плажите Партизан и Мизо собравме најразличен отпад, од цврст отпад, па се до пластика.

Продолжуваме заедно да работиме за поубав и чист Охрид!“ – информираат од Чист Охрид.


WebOhrid / 16.01.2022 / Чист Охрид