24/04/2024
Охрид

Црвен крст Охрид доби донација од 300 маски за повеќекратна употреба

Поради новонастанатата ситуација а во согласност со препораките за превенција на здравјето и намалување на штетите предизвикани од пандемијата со вирусот КОВИД-19, мобилните тимови на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид деновиве добија донација од 300 маски за повеќекратна употреба од текстилната фирма СаЕл Дооел Охрид. Маските, пред сè, се наменети за тимовите на Црвен крст Охрид и Општина Охрид кои работат на достава на намирници и лекови до граѓаните во Охрид, за социјално-ранливи и ризични групи, а 100 маски се дадени за употреба на припадниците на СВР Охрид.

Црвен крст Охрид упатува јавна благодарност до сите општествено-одговорни компании од градот кои несебично донираат помош која понатаму се дистрибуира до социјално-ранливото население.