Црвен крст Охрид и ЈУНП Галичица со нова опрема за борба против шумски пожари
Продолжува соработката меѓу Црвен крст Охрид и Јавната установа Национален парк Галичица.
Црвен крст Охрид и Јавната установа Национален парк Галичица остваруваат повеќегодишна плодна соработка во подготовка и во реализација на проекти и други активности поврзани со заштита на природата.
Во насока на јакнење на локалните капацитети за справување со шумски пожари, денес (08.07.2025), Црвен крст Охрид ѝ предаде на Јавната установа Национален парк Галичица
- 10 заштитни шлемови
- 10 заштитни визири компатибилни со шлемовите
- 10 работни одела.
Покрај опрема за Паркот, набавена е опрема (шлемови, визири и одела) и за дестчлен тим од Црвен крст Охрид којшто ќе пружа поддршка во справувањето со шумски пожари на Галичица.
Опремата е набавена во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT. Проектот го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.
