28/03/2024
ДебрцаОхрид

Црвен крст Охрид ја одбележува Неделата на грижа за стари лица

Под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст Охрид ја одбележува Неделата на грижа за стари лица. Целта е подигнување на јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потребата за обезбедување на грижа и помош за старите лица.

Активностите започнаа на 20.11.2017 година со едукативно предавање на тема „Деменција“ кое за членовите на здржението на пензионери од Охрид и Дебрца го одржа д-р Маја Смическа, спец. невролог.

Во текот на Неделата на грижа за стари лица волонтерите на Црвен крст Охрид од Програмата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид ќе делат едукативни материјали, а ќе ги посетат и старите, осамени лица, во своите домови, кои се корисниците на Програмата за грижа за стари лица.

Активностите ќе финишираат во деновите на викендот каде тимови на Црвен крст Охрид од социјално-хуманитарната и здравствено-превентивната дејност, помогнати со членови од здржението „Мозочен удар“ за борба против мозочен удар, ќе посетат стари лица во селата во општина Охрид и Дебрца, при што ќе им поделат хуманитарна помош (прехрамбени производи, ќебиња) и ќе вршат бесплатни основни здравствени прегледи (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта, ЕКГ).

Со цел потенцирање на потребата од инклузија на старите лица во сите сфери на општествениот живот Црвениот крст изготви краток промотивен спот.

https://youtu.be/fAv6CBdNMjU