19/04/2024
Охрид

Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош

Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни заложби го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција со цел намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.

„И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош, ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап.“ – информираат од Црвен крст Охрид.

Темата на Светскиот ден за Прва помош е ПРВАТА ПОМОШ СПАСУВА ЖИВОТ. Во тие рамки Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош на 16.09.2021 г. (четврток) на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, каде во периодот од 14-15 ч. тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди.