28/03/2024
Охрид

Црвен крст Охрид ќе организира традиционална крводарителска акција за Водици

Традиционалната крводарителска акција „Водици 2021“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2021 (вторник) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Нашите сограѓани и гостите може да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.