28/03/2024
ДебрцаОхрид

Црвен крст Охрид од 18-24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица

Под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвен крст Охрид од 18-24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица. Целта е подигање на јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потребата за обезбедување на грижа и помош за старите лица.

Предвидени се следните активности:

– Предавања за дијабет со причини, последици и превенција (21.10.2019), и предавање за бенефитот од користењето на слушните апарати (04.11.2019);

– Посета на болни и изнемоштени стари лица во рурални населби во општините Охрид и Дебарца од страна на тим на стари од Програмата за Грижа за стари лица на Црвен крст Охрид и млади волонтери и професионалци на Црвен крст и стручни медицински лица, со цел, комуникација, разговори, процена на општа и здравствена состојба и потреби, основни здравствени прегледи и превентивни препораки; притоа, делење на хуманитарни пакети за стари лица во социјална загрозеност и ризик; (19.11.2019)

– Посета и делење на здрави зеленчукови производи на старите лица во Одделот за геријатрија при Општа болница Охрид. Производите се создадени во Градината на заедницата во Охрид, од страна на членови на Програмата за грижа за стари лица „Најди време„ при Црвен крст Охрид, здружение, жени „Бисера„ Охрид, здружение „Брег на младоста„ Охрид, средното училиште „Кирил и методи„ Охрид, и, други субјекти, подржано од Американскиот мировен корпуст и УСАИД. 20.11.2019

– Избор на најдобрите литературни и ликовни творби од Конкурс за поезија, проза и ликовна уметност (22.11.2019)

Во текот на оваа недела во Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ќе се организира и меѓугенерациска средба во која пензионерите и младите волонтери од Клуб на млади ќе се дружат преку заеднички игри (шах, табла, пикадо, цртање..). Целта на ова дружење е да се поврзат младите и старите и да се развие меѓусебно разбирање и почит.