25/04/2024
Охрид

Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води

Во рамки на подготовките за претстојната летна сезона Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2022 г. Обуката која ќе се изведува на Охридското езеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

да се на возраст од 18-35 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени)

Да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт

да достават потврда за здравствена способностт за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар / здравствена установа

Повикот трае од 05 мај до 15 јуни 2022, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на електронската пријава на линкот

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSds7dg44K1xj6_W7GlxMYnKIStb6S3bYvVjT2bkePsvjTpsZg/viewform

За сите кандидати кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода Црвен крст Охрид ќе обезбеди платен работен ангажман на капалиштата на Охридското езеро.


WebOhrid / 05.05.2022 / Црвен крст Охрид